Услуги

Царинско посредување и застапување

Долгогодишно искуство во царинско посредување и застапување на извозници и увозници, правни лица и физички лица, пред царинските органи и другите државни институции.

Лиценцирани царински застапници и напредни работни системи им помагаат на клиентите да ги совладаат царинските постапки, намалувајќи ги непотребните трошоци и задоцнувања.

Царинско застапување

Застапување пред царински органи во:

  • Пуштање стока во слободен промет
  • Увоз на стока и привремено складирање
  • Постапки со економско влијание
  • Транзитна постапка
  • Поедноставени постапки
  • Царински постапки во ТИРЗ
  • Реекспорт
  • Делумно / сукцесивно царинење

Тарифирање

Класификација и тарифирање на стоки според важечката царинска тарифа.

Документација

Подготовка и обработка на:

  • Документација за царинење
  • Увозна документација
  • Извозна документација

Лиценци и сертификати

Посредување во добивање на:

  • Увозни лиценци
  • Извозни лиценци
  • Сертификати

Инспекции

Помош при аплицирање за:

  • Санитарна инспекција
  • Пазарна инспекција
  • Ветеринарна инспекција
  • Фитопатолошка инспекција

Организација на увоз/извоз

Организирање на увоз и извоз на стока за правни лица и за физички лица.

Царинско контролирано складирање

Складирање на стока под царинска супервизија.

Царинење на возила

Целосна услуга за царинско оформување на возила.

Дополнителни контроли и приговори

Застапување во постапки за дополнителна контрола и приговори на царински документи.

Оперативна покриеност

Присуство на клучни царински точки

  • Седиште во Скопје, во близина на Царинска испостава Скопје 4, со покриеност на царинарниците во Скопје
  • Канцеларија во ТИРЗ Бунарџик
  • Операции на граничните премини: Табановце, Богородица, Блаце и Ќафасан
  • Царинските застапници можат да бидат достапни за викенди кога е потребно
  • Операциите на граничните премини се достапни 24 часа, заради поефикасно спедирање на стоки

Контактирајте нè за царинска поддршка.