За Ред Шпед

Три децении партнерство во логистиката

Од 1995 година, Ред Шпед израсна во етаблирана македонска компанија за шпедиција, царинско посредување, транспорт и складирање.

Историја

Основана во 1995 година во Скопје

Ред Шпед прерасна од тим на искусни стручни лица во областа на шпедицијата и транспортот во етаблирана македонска логистичка компанија.

Компанијата обезбедува надворешно-трговски услуги, шпедиција, царински услуги, домашен и меѓународен транспорт, јавно царинско складирање и дистрибуција на пратки.

  • 70+ високо стручни вработени
  • 2.500+ клиенти
  • Седиште во Скопје / Илинден
  • Мрежа која покрива важни гранични премини и логистички локации
  • Капацитети за јавно царинско складирање
30+ години искуство, од 1995 година
Оперативна мрежа

Присуство на клучни локации во Северна Македонија

Царинското посредување на Ред Шпед ја покрива територијата на Северна Македонија, преку сопствени локации и преку доверливи соработници и партнери.

Табановце
Богородица
Блаце
ТИРЗ Бунарџик
Меѓународен аеродром Скопје
Ќафасан
Останати гранични премини
Соработници и партнери низ земјата
12.000 m² комплекс
Историски капацитет

Јавен царински склад — Ќојлија, општина Петровец

Во минатото, компанијата управувала и со јавен царински склад во Ќојлија, соодветен за речиси сите видови стока.

  • Вкупна површина на комплексот: 12.000 m²
  • Отворен царински склад: 1.500 m²
  • Затворен царински склад: 4.000 m²
  • Паркинг простор за лесни и тешки товарни возила
  • Современа деловно-административна зграда

Овие податоци се одделни од тековните капацитети на складиштето во Илинден.

Зошто да нè изберете

Партнерство на кое можете да се потпрете

Фер и партнерски однос

Кон секој клиент, без разлика на обемот на соработка.

Брза и сигурна услуга

Ефикасно извршување без непотребни задоцнувања.

Конкурентни цени

Квалитетен сооднос помеѓу цена и услуга.

Достапност и поддршка

Логистичка поддршка кога е потребна.

Стратешки локации

Присуство на клучни гранични премини и центри.

Безбедно складирање

Во сопствени јавни царински складови.

Совети за увоз/извоз

Стручна поддршка за увозно-извозните барања.

Банкарски гаранции

Стабилна работна состојба и соодветни гаранции за царински постапки.

Континуиран развој

Инвестиции во опрема, системи и стручност на вработените.

Мисија

Партнерство и континуиран развој

Мисијата на Ред Шпед е да гради силни партнерства со соработниците и да инвестира во развојот на вработените и модернизацијата на инфраструктурата и опремата, со цел да им обезбеди на клиентите квалитетни и економски ефикасни услуги.

Визија

Позиција на регионалниот пазар

  • Високо стручни и професионални вработени
  • Акумулирано искуство
  • Современа опрема и најнови технологии
  • Професионален и ефикасен одговор на потребите на клиентите
  • Интеграција во европските и светските економски трендови
  • Зајакнување на позицијата на пазарот за шпедиција на Балканот и Централна и Југоисточна Европа
Вредности

Она на што се темели нашата работа

ТИМ

Фокусирани сме на луѓето. Развиваме стабилни, долгорочни односи со клиентите, соработниците и вработените, засновани на взаемна доверба и разбирање. Тимската работа и соработката се клучни фактори за деловниот успех.

КВАЛИТЕТ

Флексибилноста, љубезноста, ефикасноста и квалитетните професионални совети и услуги се основни стандарди за компанијата.

ИНОВАЦИЈА

Постојано ги разгледуваме иновациите и примената на современите трендови низ целото работење.

ОДГОВОРНОСТ

Општествената одговорност вклучува заштита на животната средина, хуманитарни активности и грижа за клиентите, соработниците и вработените.

Доверба и стандарди

Членства, стандарди, сертификати и признанија

Член

MIFA

Македонска асоцијација на меѓународни шпедитери и логистички оператори, при Стопанската комора на Северна Македонија.

2015

ISO 9001:2015

Систем за менаџмент со квалитет, сертифициран од TÜV Austria.

2019

TAPA

Членство во Transported Asset Protection Association — меѓународни безбедносни стандарди.

2020

TAPA FSR Level A

Имплементирани безбедносни барања за објекти (Facility Security Requirements), ниво A, во царинскиот склад.

2020

AEO AEOC/AEOS

Статус на овластен економски оператор.

Менаџмент систем

Заснован на политика за квалитет, етика, заштита на животна средина и безбедност при работа.

Награди и признанија

Компанијата има добиено бројни награди и писма на благодарност од партнери, соработници и клиенти.

Запознајте го тимот зад Ред Шпед.